Принцезата од Саксонија Ксенија Флоренс Габриела Софи Ајрис позира гола за германското издание на Плејбој.
Така, 37-годишната девојка стана првата аристократка која се соблече за споменатото списание.
„Сакам да покажам дека секоја жена е убава таква каква што е“, вели Ксенија, која тврди дека е поврзана со 1.000-годишната германска династија Ветин. „Искрено, би била многу изненадена доколку моето античко благородно семејство го купи списанието, но се надевам дека барем ќе го толерираат овој мој потег.“
Таа е убедена дека нејзиниот прадедо, последниот крал на Саксонија, Фридрих Август Трети, сигурно би го одобрил нејзиното позирање без облека. „Сите велат дека тој бил смешен, вљубен човек“, рече таа во интервју за Плејбој.
Принцезата, која е и пејачка, колумнистка и ѕвезда на бројни реални шоуа, во искрено интервју за магазинот открила и дека постојано се бори со предрасудите поради нејзината титула. Се уште се чека реакцијата на кралското семејство Ветин, но тешко дека ќе бидат среќни.