Дека познатите личности понекогаш можат да претераат со модната комбинација на црвениот тепих тоа уште едан го покажа глумицата Бела Торн.
Младата глумица прошета со нејзиниот партнер, пејачот Бенџамин Маскол на црвениот тепих во Венеција, а нејзината модна комбинација наиде на удар на модните критичари.
Имено, Бела облече потполно проѕирен фустан, во кој и се гледаше газето, но поради длабокото деколте и дел од градите. Многумина се сложија дека оваа комбинација не е прикладна за фестивалот во Венеција каде шетаат најпознатите имиња од светот на уметноста.
Инаку, 21-годишната актерка наскоро ќе режира филм за најпознатата порно страница “PornHub”. Филмот ќе го носи името “Her & Him”, а ќе биде претставен и на филмскиот фестивал Олденбург во Германија, во септември.