Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во своето гостување на ТВ Пинк, посочи дека денес и се обраќа на јавноста со цел да објави неколку многу важни одлуки за граѓаните.
– Вакцинацијата е услов за секого. Јас се консултирав со премиерката доцна синоќа. Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки против оние кои нема да примат вакцина, што сметам дека е многу себично и неодговорно. Затоа решивме да им дадеме дополнителна помош на сите што биле вакцинирани. Покрај дополнителните 30 евра што ќе ги добијат сите, и 50 евра за пензионерите. Сите над 16 години кои биле вакцинирани со една или две дози, ќе добијат дополнителни 3.000 динари од државата – рече претседателот и додаде дека српските граѓани може да бираат со која вакцина да се вакцинираат.
-Ние имаме вакцини но немаме на кого да ги дадеме. Еве денеска ни стигнуваат 100.000 нови Фајзер вакцини.Унгарија ќе ја престигне Србија но таму луѓето сакаат да се вакцинираат-објасни Вучиќ.