Српскиот претседател и лидер на СНС, Александар Вучиќ, предизвика вистинска еуфорија меѓу своето членство на седница на неговата партија.
,,Додека сум жив, нема да има преодни влади, туку само влада на народот, народот ќе одлучува кој ќе биде влада. Додека сум жив нема да одредуваат криминалци кој ќе биде на власт, овде нема да има никаков Боки 13“-рече Вучиќ , одговарајќи на барањето на опозицијата, но и на Чедомир Јовановиќ кој досега настапуваше повеќе провладино отколку опозициски.
Преку ноќ се обединија Бошко Обрадовиќ и Чедомир Јовановиќ. Ми велат со нашето мнозинство да изгласаме техничка влада како што беше пример во Македонија, е тој филм нема да го гледате, рече српскиот претседател.
,,Нема странци да ни одредуваат кој ќе биде на власт. Тоа нема да може. Вие странци сте добредојдени. Но, не да ми ја уривате владата. Овде владее народ. Затоа-море сиктер“-рече Александар Вучиќ.