Според странските медиуми, Меланија Трамп е ладна во односите со нејзиниот сопруг и поранешниот американски претседател Доналд Трамп по напуштањето на Белата куќа, а на многумина им се чини дека разводот е неизбежен.
Меланија била револтирана од протестот на приврзаниците на Доналд во Капитол, што доведе до хаос и смрт на пет лица, а таа не е задоволна од начинот на кој тие го напуштија Вашингтон.
За проблемите во нивниот брак се пишуваше со години, а доказ за тоа се видеа во кои Меланија често одбива да застане или да се држи за рака со сопругот, а најновите извештаи и стории за измамата на Трамп ги влошија веќе разнишаните односи.
„Таа не направи ништо по насилните протести. Таа не одговори. Знаеше дека нема да добие ништо ако каже нешто на оваа тема”, рекол нејзин поранешен соработник, кој сакал да остане анонимен.
„CNN“ пренесува дека Меланија после заминувањето од Белата куќа ги поминала деновите на Флорида во спа центар, далеку од Трамп. Времето го поминува со родителите, а само за вечера се гледа со сопругот.
Како што пренесуваат медиумите, рутината на Меланија моментално не се разликува од онаа кога беше прва дама на САД. Велат и дека одбила неколку интервјуа во кои би разговарала за заминувањето од Белата куќа и новата прва дама, Џил Бајден.
Извори тврдат дека часовникот отчукува и дека е прашање на време кога ќе се разведат. Од друга страна, некои нивни пријатели тврдат дека Трампови се среќни во бракот и дека сè е во најдобар ред после заминувањето од Белата куќа.
Пред две недели, ѕвезда на филм во индустријата за возрасни отворено зборувала за нејзиниот однос со Трамп, додека бил во брак со Меланија.