-Полициски час кој би бил ноќе и нема да влијае на економијата или многу малку ќе влијае. Сепак рестораните би можеле надвор да работат до 22-23 часот за да се спречи шетањето на младите навечер. Видовме што се случува по сите градови и допрва што ќе се случува во август. Очигледно дека државата не може да ги контролира сите места. Дури и газдите се спремни да платат илјадници евра и друг начин не гледам. Ова со пазарни инспекитори итн… Јас предложив да се забранат таквите собирања, ако се случат полицијата да ги однесе во државен карантин на нивни трошок. Тоа е ригорозна мерка, изјави за Сител проф.д-р Никола Пановски, професор по микробиологија.
Според професорот Пановски високите трицифрени бројки на заразени овој период се резултат на предизборната кампања, а наредните 3 до 4 дена ќе го чекаме и кластерот изборно славење.
-Секако дека е од пред избори, тоа се настани кои се случуваат во затворен простор. Во таа паника пред избори, трчање, често се заборава на мерките има викање знам како изгледа тоа…Сега ќе го чекаме за 3-4 дена за славењето и чекање на резултатите. Имаше пеење, прегрнување… додаде професорот Пановски.