Девет членови на активистичката група Scientist Rebell влегле во салонот на Autostadt, односно во музејот и изложбениот салон во фабриката на Volkswagen во Волфсбург, се намачкале со лепак и седнале на подот помеѓу изложените автомобили.
Фотографиите набрзо се проширија на социјалните мрежи.
Тоа беше нивен протест и тие се промовираат како „група научници кои се подготвени да ја кажат вистината за климатските промени и да дејствуваат според неа“. Но, во овој случај, активистите биле изненадени од реакцијата на вработените, кои го исклучиле парното, ја заклучиле вратата и си заминале дома по работниот ден. Членовите на групата Scientist Rebell се огласија на Твитер за ситуацијата.
Тие напишаа дека „вработените не им дадоа ниту чинија да уринираат, а ноќта беше студена и темна“ и ги обвинија работниците дека ги занемариле основните потреби на демонстрантите.
Еден од демонстрантите, Џанлука Грималди, напоменал дека дел од демонстрантите штрајкуваат со глад додека не се исполнат нивните барања за декарбонизација на германскиот транспортен сектор, односно бараат намалување на емисиите на CO2 во атмосферата.
„Не можеме сами да си нарачаме храна, мораме да јадеме што ни дава Фолксваген. Изгаснати светлата. Случајни ненајавени проверки од обезбедувањето со светлечки ламби…“, напишал тој.
Имено, активистите го прозиваат Фолксваген, еден од најголемите производители на автомобили во земјава, бидејќи сакаат да ја засилат борбата против загадувањето. Фолксваген јавно вети дека ќе помогне да се направат чекори кон позелена иднина.
https://twitter.com/i/status/1582790445830062080