Во 3 часот по полноќ, Собранието ја разреши техничката министерка за труд и социјална политика, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. За нејзиното разрешување гласаа 62 пратеници, а 26 беа против.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски во своето барање за разрешување на техничката министерката Рашела Мизрахи од ресорот труд и социјална политика, наведе дека тоа е поради нејзиното флагрантно кршење на Уставот на кој таа се заколнала со преземање на должноста.
Мизрахи во своето обраќање пред пратениците играше на национална карта, па патетично извика дека е горда Еврејка од Република Македонија.
-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи.
Таа беше подготвена беше да плати казна од 5.000 евра, но одби да држи прес конференции со табла на која пишува Република Северна Македонија.
По доаѓањето во министерството ја отстрани таблата на која пишува Република Северна Македонија, пред која претходната министерка Мила Царовска држеше прес конференции и тврдеше дека таква табла не постои.
„