Специјалистот по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија Владимир Чадиковски со својот последен статус кој го објави на Твитер не потсети колку се моќни и силни жените. На само неколку дена од светски празник што се одбележува секоја година на 8 март, докторот сподели вистинска приказна за херојството на една мајка која според него е личноста на годината.
“Во 24 часа ви се оперира 14 месечно дете од тешка срцева мана и да се породите истиот ден со друго здраво дете и се тоа да го издржите емотивно е посилно од сите природни закони. Слободанка е за мене личност на год.!Браво за цел тим!, напиша Чадиковски.