Шерон Стоун го покажа своето тело во дводелен костим за капење и се пошегува дека секогаш е во топ-форма кога летото завршува.
На фотографијата што ја сподели на својот Инстаграм-профил во саботата, може да се види дека Шерон (64) ѝ пркоси на возраста.
На помалку од еден месец до крајот на летото, Стоун во објавата напиша: „Зошто секогаш успевам да сум во својата најдобра форма токму кога завршува сезоната на бикини?.
Таа позира пред огледалото во својата спална соба во микро-бикини со тропски принт.
Актерката и поранешен модел е слика на самодоверба имајќи предвид дека позира дома, без фотографски трикови, без техники за разубавување и без специјално осветлување.
Стоун отсекогаш негувала поприроден изглед и воопшто не се срами да покаже дека и таа не е совршена.