Демократската сенаторка Тиара Мак (28) од Род Ајленд ги запрепасти своите придружници на ТикТок, а потоа и луѓето ширум светот, откако на популарната социјална мрежа објави, во најмала рака, шокантно видео од плажа.
Таа е единствената жена која го предизвика актуелниот државен сенатор Харолд Метс на демократските прелиминарни избори во 2020 година и го победи. Тиара освои дури 60 отсто од гласовите. И наместо, како што наведуваат американските медиуми, да се однесува согласно постигнатиот успех, таа не престанува да ги шокира граѓаните.
Пред неколку дена Тиара Мак на својот налог на ТикТок на оригинален начин, со снимка од плажа, се обиде да ги привлече своите гласачи.
На видеото, преку кое Тиара на избирачите им порачува да гласаат за неа, носи минијатурен костум за капење и го тресе својот задникот со главата свртена надолу. Нејзиниот сопатник сето тоа го снимил во најкрупен кадар.
Таа напиша: „Ветената стапица за жедта на сенаторот на островот Блок“.
Оваа млада Афроамериканка која предизвика масовни критики, очигледно успеала во својата намера.
Коментари на револт и омраза се нижеа под објавената снимка, а еве што одговори Мак преку видео на ТикТок во кое вели е зачудена од многуте коментари со омраза:
„Душо… Имам диплома од „Ivy League“ и моментално сум државен сенатор. Не се работи за тоа што носам и што правам. Нема да ме почитуваат без разлика на сè, јас сум Афроамериканка“! – алудирајќи дека реакцијата на луѓето е резултат на тоа што е жена и Афроамериканка.