Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин неодамна, со благослов на неговиот татко и мајка, се сврши со својата девојка, американска актерка и богаташка Никол Пелц. И покрај тоа што тие се во врска само пет месеци, потомокот на славниот фудбалски ас не можеше да одолее на неговата четиригодишна постара девојка Никола, па реши да се ожени со неа. Родителите на младоженецот ќе се погрижат за организирање на свадбените празнувања, а изборот падна на едно од најлуксузните места на црногорскиот брег, Свети Стефан.
Како што пишуваат српските медиуми, свадбената церемонија е закажана за мај наредната година, а според нивните желби ќе биде интимно и затворено за јавноста. Младенците ќе се венчаат на плажа.
– Славниот пар одлучи на најстариот син да му направи интимна свадба, за околу 50 луѓе и тоа на истото место на кое најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го кажа судбоносното “да”. Познато е дека тие веќе неколку пати летувале на Свети Стефан. Токму поради тоа одлучиле во Црна Гора да ја прават свадбената веселба- тврди за порталот “Aло”, изворот.
Инаку, Дејвид и Викторија Бекам беа на летен одмор на „Свети Стефан“ во 2018 година, каде потрошија цело богатство пари.