Од денеска започнува да се снима четвртиот циклус од српската серија “Убице мог оца“, а во новите десет епизоди ќе се појави и македонски глумец. Се работи за Висар Вишка кој заедно со Слобода Мичаловиќ се дел од новите глумци во овој серијал.
– Во продолжението на серијалот ќе имаме неколку нови ликови. Главен лик ќе биде мајот во полиција, Дуња која ќе ја глуми Слобода Мичаловиќ. Исто така за прв пат ќе се појават и Воја Брајовиќ, Младен Совиљ, Иван Зекиќ како и одличниот македонски глумец Висар Вишка. Сакам да кажам дека една од главниот теми на серијалот ќе биде сулувањето. Поразителен е процентот на пријавени случаеви и ние со овие 10 нови епизоди сакаме да влијаеме на подигање на свеста околу овој проблем – изјави за блиц.рс сценаристот на “Убице мог оца“, Наташа Дракулиќ.