На Фејсбук групата „На одмор во Грција“ се појави статус во кој една Македонка која е во моментов таму споделува искуство од плажите на Полихроно.
Имено во постот објавен на Фејсбук пишува дека на ова туристичко место вриело од медузи.
„Вчера 30-09 Полихроно вриеше од медузи… Утрото имаше само неколку, попладнето како да им стасаа цели фамилии ..
Во морето кај да се свртиш ги имаше, а приквечерината веќе излегуваа и на брег.
За жал повеќе од 20 извадија надвор и ги убиваа. Незнам како беше денес ама дојдоа да не испратат сигурно нас вчера
А незнам и колку се опасни овој вид, бидејќи еден човек ги фаќаше одозгора на мазниот дел ги превртуваше обратно и ги враќаше во длабокото“, стои во постот на Фејсбук.