Пјотр Гиерасик (54) и Паулина Гиерасик (20) се уапсени откако останките на бебињата биле откриени во плитки гробници и завиткани во пластични кеси на имот во селото Черники во северна Полска, пишува Дејли мејл.
Првите две бебиња биле пронајдени во петокот, но дополнителните истраги откриле трето тело во „напредна фаза на распаѓање“ во саботата.
Мариуш Душински од Окружното обвинителство во Гдањск рече: „Жената е обвинета за две точки од обвинението за убиство и обвинување за инцестуозна врска со нејзиниот татко. Мажот е обвинет за три точки за убиство, инцест со неговата 20-годишна ќерка и обвинение за инцестуални врски со другата ќерка“.
Според обвинителите, двете убиени деца потекнуваат од неговата врска со 20-годишната ќерка, за која велат дека била во консензуална врска со таткото. Третото дете било од врската што ја имал со другата ќерка, откако ја принудил на секс. Обвинителите додадоа дека го сомничат за убиство на третото бебе.
До откритието дошло откако полицијата добила дојава од социјалната служба. Откако се преселил во селото пред околу 15 години, Пјотр останал да ги одгледува децата по смртта на неговата сопруга.
Еден локален жител за весникот „Супер експрес“ изјавил: „Таткото остана сам со децата. Имаше многу, десет или дванаесет, најстариот веќе беше заминат. Ги носеше децата на прошетка или во шума да берат печурки. Кој би помислил дека такви гадости постојат во нивниот дом“.
Но, колегите од слаткарницата каде што работела Паулина во соседното село Стара Кишева се посомневале дека е бремена откако почнала да носи широка облека. Потоа земала три недели одмор од работа, но се вратила една недела подоцна.
Еден работник во продавница изјавил: “Сите претпоставувавме дека е бремена, мислам дека имаше ремени околу себе како корсет. Кога се врати од одмор порано, промената беше видлива. Беше многу послаба и уморна цело време. Кога ја прашавме за бебето, таа глумеше изненадена и негираше“.
Една од колешките на Полина, наводно, ги предупредила социјалните служби откако видела вознемирувачка СМС порака што 20-годишната девојка му ја испратила на нејзиниот татко.
Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.