ДРАМА ВО САД: Храбар ученик го запре автобусот полн со патници откако возачот се онесвести (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи училиште од САД објави видео, на кое се гледа како седмоодделенецот Дилон Ривс го запира автобусот откако возачот се онесвестил. Тој го фаќа воланот а потоа притиска на сопирачките.

„Некој да се јави на 911“. Сега“, мирно им викаше Дилон Ривс на другите во автобусот додека учениците врескаа во паника. Автобусот, во кој може да се сместат 66 патници, во тој момент бил полн.

Дилон Ривс потоа го донел возилото на безбедно застанување на прометниот пат во областа Детроит.

Директорот на средното училиште во кое момчето учи го пофали Дилон и неговиот потег го нарече многу зрел.

За време на возењето, жената која била зад воланот почувствувала вртоглавица и веднаш ја предупредила базата дека не се чувствува добро и дека ќе застане на една од станиците за да ја замени некој од колегите.

останати вести