Полицијата синоќа во Охрид извршила заплена на неколку скапи патнички возила и пловни објекти, дознава Скопје1 од свои извори во МВР.
Наводно е тоа е направено по предлог на Јавен обинител, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка.
Возилата се сместени во кругот на охридската „Касарна“ и остануваат во заплена до крај на истрагата во која се опфатени.
Според првите информации возилата се одземени во рамки на процесот популарно наречен „Рекет“ во кој се товарат Бојан Јованоски ( Боки 13 ) и Зоран Милески Кически за изнуда на рекет од бизнисмени.
извор: Скопје 1