Постојат земји во кои мажите го поедноставуваат својот живот така што уживаат во полигамијата, додека некои жени ги претвораат браќата на своите сопрузи во законски мажи.
Полиандрија, која подразбира брак кој се состои од една жена и неколку сопрузи и денес е активна во Непал. Таа брачна заедница таму е дозволена и со закон.
Овој тип на брак е особено популарен во племињата на северот и североистокот на Непал, каде што има малку земја, а браќата не сакаат да се делат кога стапуваат во брак. Затоа, ним природно им било да имаат една жена и сите да останат да живеат во иста куќа или имот.
Оваа традиција настанала пред повеќе од 28 века. Во древниот индиски еп „Махабхарата“, принцезата Драупади се обидела од богот Шива да измоли сопруг. Хероината пет пати се обратила на божеството, а тој ја слушнал сите 5 пати, па ја наградил со 5 сопрузи. Оваа традиција со векови се одржувала на подрачјето на Непал.
Но, како функционираат овие бракови помеѓу една жена и неколку мажи?
Мажите ги извршуваат сите работи кои се наменети на жените. Еден работи во поле, друг ткае килими и корпи за продажба, трет го продава сето тоа на пазар, четвртиот го води домаќинството, петтиот се грижи за децата, а шестиот оди на работа како би го прехранил семејството.
А што прави жената?
Таа мора да биде убава. На неа останува да носи накит од тиркиз и корали, кој симболизира благосостојба и мир во семејството. Жената треба да биде среќна и задоволна и тоа е важно за мажите од тоа семејство. Но, зошто жените нерадо влегуваат во овие бракови?
Затоа што тие бракови не се склопени од љубов. Често најстариот брат ја бира својата жена, а потоа ја дели со помалите браќа. Најстариот брат ја одредува динамиката на интимните односи, а жената е должна да го задоволи секој брат и на секој да му роди по едно дете.
Најстариот брат го распределува имотот на сите браќа. Инаку, дури и на таткото на браќата е дозволено да спие со снаата и тој го користи тоа право.
Доколку останатите браќа не се полнолетни, жената ги зема под своја закрила и ги воспитува до полнолетството, заменувајќи ја нивната мајка.
Меѓутоа, жената има право да се разведе доколку нејзиниот сопруг е неподобен, но ретко го прават тоа затоа што го губат статусот во општеството.
Една од главните предности на овој брак е богатството. Таквите семејства се неколку пати побогати од стандардните. Доколку некој од браќата одлучи да се одвои, имотот се дели подеднакво, што значи дека сè што има стекнато семејството продолжува да расте.
Во Непал, полиандријата е многу почеста од полигамијата. Мажите не копнеат да бидат глава на куќата, важно им е да имаат безбеден дом и ривалството да биде сведено на минимум.
Што се однесува на жените во овие племиња, тие живеат заштитени од сите прашања од типот: „Чие е детето“ и „Кој е наследникот?“. Сите деца се нивни и наследуваат еднакви делови од имотот.