Џермејн Пенант е еден од оние фудбалери што дозволиле низ кариерата да ги водат блудот и развратното однесување. Тој бил голема ѕвезда во подем на англискиот фудбал, а играл и за англиската репрезентација.
Настапувал и за познати клубови, како што се Арсенал и Ливерпул, но како што признал, направил многу грешки во животот, кој му бил прилично турбулентен.
„Можев да бидам милијардер и пак ќе уништев сè. Направив многу грешки. Не знаев како да се справам со работите и не размислував за последиците на моите постапки. Ме нарекуваа лошо момче, но всушност, бев несигурно дете кое не знаеше што прави. Еднаш, во Лас Вегас направив сметка од 30.000 евра “, изјавил Пенант.
За Арсенал дебитирал уште на 16 години кога почнал да заработува големи пари. Големата заработка со себе ги донела и негативните работи со кои многумина се соочуваат. Забавите, излегувањата, жените и алкохолот го довеле до пропаст, а коцкањето му го претворило животот во пекол.
Кога требал да наполни 40 години, останал без пари. Станал зависен од коцка, па завршил во долгови од милион фунти. Со оглед на тоа што паднал во замката на пороците, блудот и развратот, неговата кариера тргнала по надолна линија.
Меѓутоа, среќата му се насмевнала кога ја запознал љубовта на својот живот, манекенката и актерка Џес Импјачи. Пред неа, имал многу турбулентен љубовен живот.
Признал дека е финансиски неписмен, а по разводот изгубил три куќи, како и дека за време на бракот со Алис Гудвин поседувал Ферари, Астон Мартин, Ламборџини, Порше и неколку Ренџ Ровер-и. Исто така, летувал на Малдиви, Бахами, Сејшели, Дубаи…
Неговата поранешна љубовница, откако дознала дека ја изневерил така што во нивниот кревет нашла гаќички, му го претворила животот во пекол. Имено, го заклучила во неговиот лукс стан, му ја исфрлила дизајнерската облека во вредност од 30.000 фунти, а потоа го уништила и неговиот омилен автомобил.
Исто така, тој шокирал со некои делови од својата автобиографија во која до детали опишувал што правеле тој и неговите соиграчи со девојките.
„Ние тоа го викавме Монопол. Ги делевме девојките како да се наша сопственост. Ако јас сум имал секс со некоја девојка, а потоа и некој од моите соиграчи, мораа да ми плаќаат наем. Сè зависеше од тоа колку се девојките атрактивни. Ако беа топ класа, тогаш ми даваа 100 фунти. За полошите, добивав само 14 фунти“, објаснил тој.
Возел скапи автомобили, обожавал брзо возење, поради што завршил во затвор, бидејќи бил уапсен поради возење во алкохолизирана состојба.
И покрај сите неволји и банкротот, тој е позитивен и верува дека може да се врати на вистинскиот пат.
„Банкротот не е идеална ситуација, но тоа значи дека одново можам да го започнам својот живот и да го изградам од почеток“, рекол поранешниот фудбалер.