Џорџ и Амал Клуни деновиве престојуваат во Венеција.
62-годишниот актер и 45-годишната адвокатка беа фотографирани додека пристигнуваа и си заминуваа од ресторан со бротче.
На романтичната вечера, Амал изгледаше прекрасно во смарагдно зелен фустан со свилени детали и шлиц што ги откри нејзините затегнатите нозе, пренесува „Пејџ сикс“. Додека 62-годишниот актер кој за оваа пригода облече темно сина јакна.
Парот пристигна во Венеција во вторникот во хотелот „Ципријани“ на 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, каде што ќе биде прикажан „Момците во чамецот“ на Клуни.