Латино поп-ѕвездата Габриел Диниз загина во авионска несреќа во Бразил на 28-годишна возраст.
Пејачот само што го завршил својот последен настап во Баија и се упатил дома за да го прослави роденденот на својата девојка Каролина Калеирос. Тој и неговите двајца пилоти, кои, исто така, загинаа, биле на половина пат до дестинацијата во Масеи во североисточната држава Алагоас, кога авионот се урна.
Диниз зад себе има три албуми, но стана национално познат по песната „Џенифер“, која ги освои бразилските топ листи како хит за лето 2019.