Легендарната холивудска актерка Лајза Минели после долго време се појави во јавноста, а како што може да се види на фотографиите кои се објавени, не изгледа најдобро.
Таа била на вечера со стариот пријател, актерот Џорџ Хамилтон, а кога завршиле, ја извадиле од ресторанот во инвалидска количка и и’ помогнале да влезе во автомобилот.
Актерката претходно зборуваше за својата борба против енцефалитисот (енцефалитисот е воспалителна состојба која го зафаќа мозокот и е предизвикана главно од вируси), и дека лекарите и предвиделе дека нема да може да зборува и да оди.
Лајза која денес има 76 години своевремено изјавила дека најтешкиот дел од шоубизнисот е да се биде славен, како самостојна личност, а не како ќерка, а за улогата во „Cabaret“ во која имала само 26 години таа освоила Оскар.
Во неколку наврати отворено зборувала за својата доживотна борба со злоупотребата на алкохол и супстанции, а во 2015 година поднела барање за помош на рехабилитација и наводно оттогаш таа е трезна. Во 2018 година се појавиле гласини дека Лајза се бори со здравствени проблеми, но нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Мајк Фајнштајн тоа го негирал во интервју за „The Hollywood Reporter“.
„Таа сега се чувствува многу добро и двајцата сме многу возбудени поради ова шоу затоа што тоа ќе биде првпат да работи нешто во кое се појавува во лежерно опкружување, пеејќи песни и поставувајќи ѝ прашања на публиката“, изјавил воочи шоуто за кое се подготвил.
Тој додал и дека кратките и ретки настапи на Лајза немаат толку врска со нејзиното здравје, туку повеќе со едноставната желба да се одмори од работа.
„Не дека тоа премногу ја исцрпува. Во таа работа е веќе 60 години и сега дојде момент кога всушност си зема време да се опушти и да ужива во својот живот“, објаснил тој.