Од понеделник спортската „Арена“ се претвара во времена Ковид-болница во која ќе има 500 болнички кревети и сите услови за прием на заразените од Ковид-19, а Ортопедската клиника на Бањица ќе биде вратена во Ковид системот и ќе биде пак Ковид болница, најави денес министерот за здравство Златибор Лончар.
Министерот додаде дека следна болница која ќе стане Ковид болница ќе биде болницата во Пожаревац.
Аперилираше до граѓаните да се придржуваат до мерките.
Инаку, во последните 48 часа во Србија починаа уште 11 лица како резултат на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Официјалниот број на починатите е 298, според веб-страницата covid19.rs.
Во Белград сега е прогласена вонредна состојба.