Грција e во шок по невиденото злосторство што се случи синоќа во пристаништето во Пиреја кога членовите на екипажот на бродот „Блу Хоризонт“ фрлија човек од пристапната рампа, при што тој се удави во вителот на пропелерот од бродот.
Според тамошниот медиум ekriti.gr, постои гнев, тага и негодување поради смртта на 36-годишниот маж која настапи насилно во моментот кога се обидувал да се качи на бродот што тргнувал за пристаништето Хераклион. Жртвата е 36-годишниот Андонис Кариотис од Крит, кој живеел во скромна куќа со своите две сестри, а неодамна ја изгубил својата мајка.
Според Радио Крит, несреќниот 36-годишеник често патувал во Пиреја и екипажот го познавал. Според пристанишни извори на истиот медиум, тој уплатил билет кој сега е во рацете на пристанишните власти како дел од прелиминарната истрага.
„Невозможно е Андонис да немал билет“, вели неговиот брат.
36-годишникот потекнувал од големо работничко семејство, бил вреден и работел се што можел. Во последно време работел во продавница за овошје. Тој живеел со еден од неговите браќа, кој бил информиран за трагичната смрт на Антонис рано наутро.
Βίντεο σοκ: Το πλήρωμα έσπρωξε από το Blue Horizon στον θάνατο τον 36χρονο που σκοτώθηκε στο λιμάνι Πειραιά pic.twitter.com/FdzFTliZLg
— kakajason (@kakajason50) September 5, 2023
Шокирани од инцидентот со двајцата мажи од екипажот на Блу Хоризонт кои насилно го турнале 36-годишникот, тие дури ја контактирале и крајбрежната стража за да ги пријават.
„Имаше многу луѓе на овој брод кои излегоа на палубата на цигара и јасно го видоа инцидентот. „Тие видоа луѓе од екипажот на Блу Хоризонт како го туркаат човекот во морето. Го туркаа три-четири пати пред да се качи на мостот на бродот“, вели жена очевидец и додава дека десетина минути по падот во морето го виделе телото на човекот како лебди во водата.
„Во тој момент се јавив во крајбрежната стража и поднесов формална жалба за инцидентот. Го турнаа човекот во морето и тој се удави. Го убија, се зборовите што им ги пренесов на службениците во пристаништето“, изјави очевидец и додаде дека неговото тело плутало околу 30 минути додека не го собрале службите.
— kakajason (@kakajason50) September 5, 2023