Водителка доживеа мозочен удар додека водеше вести и зборуваше за откажувањето на лансирањето на ракетата на „НАСА“. Џули Чин додека зборуваше почна да пелтечи и да ги повторува зборовите кои ги читаше од идиотот во живо.
Таа им се извини на гледачите ѝ рече дека не се чувствува добро, а потоа камерата се префрли на презентерката на временска прогноза. Џучи до крајот на програмата не се врати во студиото.
Таа била одма пренесена во болница, каде било утврдено дека доживеала мозочен удар.
„Жал ми е што гледачите од прва рака можеа да го видат нападот кој дојде од никаде. Се чувствував одлично пред почетокот на емисијата. Но, кога почна преносот, оддеднаш делумно го загубив видот на едното око. Неколку минути подоцна, почна да ми трне целата рака. Знаев дека е нешто сериозно, кога не можев да изговорам ни еден збор“, рече Џули.
„За среќа моите колеги ги препознаа симптомите на мозочен удар и одма повикаа Итна помош. Во болницата ми направија тестови и анализи и докторите ми рекоа дека сум имал почеток на мозочен удар. И понатаму имам многу прашања, но мислам дека целосно ќе се опоравам“, рече Џули.
Tulsa news anchor Julie Chin has the beginnings of a stroke live on the air. She knew something was wrong, so tossed it to the meteorologist, as her concerned colleagues called 911. She’s fine now, but wanted to share her experience to educate viewers on stroke warning signs. pic.twitter.com/aWNPPbn1qf
— Mike Sington (@MikeSington) September 5, 2022