Водителката на Би Би Си Рејчел Бленд уште во 2016 година дозна дека боледува од рак на градата. Во август 2018 докторите и сооштија дека поради пораст на вредноста на ензимот не може да учествуваа во клиничкиот експеримент за новиот лек, што значи деновите и се избројани.
-Со зборовите на легендарниот Френк Синатра “ Се плашам дека мојот последен час отчукува, пријатели“ се простувам од вас. Ми рекоа дека имам уште неколку денови од животот. Благодарност до сите за поддршката што ми ја дадовте – напиша водителката на Твитера, а само неколку дена подоцна ја загуби борбата со ракот во својоата 40-та година. Таа зад себе ги оставi сопругот Стив и двегодишниот син Фреди.
Борбата со ракот Рејчел ја документираше на блогот “ Големо Р, а мала јас“ посветена на својата борба.
Исто така пред смртта таа работеше на книгата за поединостите од нејзиниот живот кој нејзиниот сопруг не ги знеал.
-Во книгата се содржани сите совети и приказни кои би му ги раскажала на синот за време на неговото растење и кој верувам дека ќе му помогнат во животот – тогаш изјави водителката.
https://www.instagram.com/p/BlloHa2BSvX/?utm_source=ig_web_button_share_sheet