66 годишна жена од скопско Драчево попладнево со нож била усмртена од нејзиниот внук, дваесет годишниот А.Р. Убиството се случило на улицата ,, Антон Димитов‘‘, во домот на убиецот кого полицијата го привела.
Во моментов во тек е увид на местото на убиството, а полицијата најавува повеќе информации откако ќе заврши увидот.