Амелија и Елиза Спенсер беа гостинки на гала вечерата „Air Ambulance ball“ во Лондон.
31-годишните близначки, кои ѝ се внуки на покојната принцеза Дијана, однесоа гламур и елеганција на хуманитарниот настан.
Елиза блесна во бела припиена креација, која ја надополни со светкави салонки и бела чантичка, додека Амелија за оваа пригода избра црна креација со долги проѕирни ракави.
И двата фустани се дело на модниот бренд Self-Portrait.