Пратеникот Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил напиша дека вчера бил во Тиран и кога слушнал на вести за земјотресот се упатил кон Драч за да помогне колку може:
“Солидарност со Драч. Држете се!
Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се ГОЛЕМИ.
Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите.
Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините.
Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност.
На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед“, напиша Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил,
Денес во Драч. Бевме брзи и организирани. Луѓето може и треба да си помагаат.
Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Tuesday, November 26, 2019