Поранешниот фудбалер, а сега тренер во школата за фудбал „Грозданоски“, Влатко Грозданоски денеска на својот 36-ти роденден стана татко. Неговата сопруга Христина на свет ја донесе малата Мила, а породувањето поминало во најдобар ред и двете се чувствуваат добро.
– Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила- напиша Грозданоски на социјалните мрежи.
Христина која е манекенка со Влатко се венчаа во 2016-та година, а претходно беа долги години во врска.