Владо Јаневски во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ неколкупати досега има изјавено дека генерално слабо се дружи со луѓе, научил да му биде забавно сам со себе, а неговата куќа ја вика тврдина.
Jаневски е познат по тоа што пишува најубави љубовни стихови. За своите песни, тој вели дека се автобиграфски и секоја од нив има некоја своја приказна.
Во последното интервју кое го даде за магазинот зад сцената, Јаневски ги откри сите тајни кои се поврзани за најлудата ноќ и за тоа кога тој престанал да верува во Дедо Мраз, но и откри една анегдота од новогодишен настап.