Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 196, Битола – 36, Охрид – 20, Кавадарци – 18, Прилеп – 17, Струмица и Гевгелија – по 11, Велес – 9, Крива Паланка – 7, Куманово и Штип – по 6, Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Радовиш – 2, Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 320 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Прилеп – 24, Битола – 19, Кавадарци – 18, Охрид – 13, Велес – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Куманово – 6, Ресен, Тетово и Радовиш – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Струмица и Кратово – по 3, Неготино и Кочани – по 2, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Свети Николе, Берово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 8 починати лица од Скопје (54г, 66г, 68г, 71г, 79г ,87г, 87г и 87г), две починати лица од Битола (67г и 72г) и по едно починато лице од Кичево (75г) и Штип (74г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Скопје (3), Битола(1), Куманово (1) и Струга (1). На возраст од 65 до 92 години. Три лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.