Кина веќе со месеци е во жижата на јавноста поради пандемијата со коронавирусот, за кој се верува дека потекнува од оваа земја и тоа од пазарот во Вухан, пренесува Дејли Мејл.
Но, тамошните официјални лица и здравствени експерти, сега веруваат дека заразата не настанала на пазарот на кој се продавало месо на многу диви животни.
„Прво мислевме дека вирусот настанал на пазарот, но сега убедени сме дека пазарот е само жртва“, изјавил Гао Фу, директорот од Центарот за контрола и превенција на болести.
Кога се појавија официјалните наводи за оваа болест, пазарите беа затворени и оградени со лента како место на злосторот. И понатаму постои голем број теории за тоа од кое животно би можел вирусот да се префрли на луѓе. Сега Гао објаснува дека не се забележани од примероците од животни, туку дека единствено се пронајдени во животната средина, вклучувајќи ја канализацијата. Освен тоа рекол и дека вирусот сигурно постојал и многу порано.
Со студија е утврдено дека само 27 од првите 41 потврден случај во Кина биле „изложени“ на пазар во Вухан, поточно четири случаи во првите две недели од заразата во декември, кога е обелоденето дека се појавила нова болест. Американските биолози сметаат дека вирусот на пазар го донел некој кој веќе бил заразен.
Засега нема причина да се сомнева во тврдењето на Гао Фуа, бидејќи не само што е водечки кинески епидемиолог, член на највисокото советодавно државно тело, кога станува збор за борба со корона вирусот. Сепак, ќе мора да се направат уште бројни истражувања за да се утврди како и кога точно се појавил новиот вирус.
-Овој вирус не се однесува како претходните коронавируси, нагласил тој.
Иако Кина, но и стручњаци од многу други земји, негираат дека вирусот настанал во лабораторија, Гао тврди дека стекнал единствена способност да се адаптира на луѓе. Научниците сметаат дека вирусот еволуирал со мутација во текот на трансмисијата меѓу луѓето, по пренесувањето од животните.