По заминување на Адриана Лима од “ друштвото“ на “Викторија Сикрет“ од денеска е пронајдена замена за неа.
Нов ангел е фото моделот од Унгарија, Барбара Палвин. 25-годишната манекенка и претходно настапуваше на ревиите на оваа модна куќа, рамо до рамо со Тејлор Хил, Александра Амбросио, Кендис Свејнпул и останатите убавици.
https://www.instagram.com/p/BsT11gxnhwa/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/Bq8x6hzHTdW/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Барбара ја објави веста на својот Инстаграм профил нагласувајќи дека е “горда е што ќе ја преставува Унгарија“.
Адриана Лима позната како поранешна српска снаа поради бракот со кошаркарот Марко Јариќ, последен пат за брендот Викторија Сикрет настапи во ноември, 2018 година.