Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил ја искоментира намерата на Град Скопје да потроши 200.000 евра за новогодишно украсување на главниот град.
“Во време кога имаме преку 20 умрени дневно од ковид, 30 илјади заразени, уште 10 илјади активни случаи, болниците полни, нема кревети, луѓето остануваат без работа, а градот Скопје ќе фрли 200 илјади евра за новогодишно китење, натакне вас тренирани магарац на киту. Уште еден доказ дека во градите имате ѓонови од кинески кондури наместо срца.
Зарем до прослава на Нова Година ти дојде граду мој? До сега имаме преку илјада мртви од корона. Од почит кон нив оставете го градот ненакитен. Парите донирајте ги кај загрозени семејства што загубиле некој од корона.
Или не, викнете го пак Мерлин, ве боли уво или Влада Георгиевски. Може и во дует“, напиша Сашо Тасевски на Фејсбук.