Овен (21.03 – 20.04)
Викендов ќе почувствувате креативна инспирација и со леснотија ќе завршите бројни обврски овој викенд. Понекогаш умеете да оставите фантастичен впечаток на околината, па така соработниците ќе очекуваат ваше мислење за различни деловни теми. Партнерот ви е малку сомнителен.
Бик (21.04 – 21.05)
Викендов ќе сакате да го поминете во релаксација, иако ќе имате некои ситни задачи, сепак нема да имате волја да ги завршите. Во ред е да се опуштите и да одморите, но од понеделник сериозно пристапете им на обврските. Во љубовта малите кавги нема да успеат да ја нарушат хармонијата.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Викендов пред вас е голем пресврт од кој можете да направите чудо. Имате креативност, сила и амбиција, но и една маана. Премногу емотивно реагирате на критиките. Научете да се контролирате и стекнете самопочит.
Рак (22.06 – 22.07)
Се наоѓате во романтично расположение и посакувате силни изливи на љубов. Во емотивниот занес сте подготвени да се пробате во нови и предизвикувачки ситуации. Викендов ново познанство стои пред вас.
Лав (23.07 – 22.08)
Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но ви недостасува прилика да ги остварите своите намери. Бидете дискретни во средбите кои изобилуваат со силни емоции или некои прикриени страсти. Викендов ќе ве изненади повикот за дружење од пријателите.
Девица (23.08 – 22.09)
Нема причина да ги одложувате средбите со соработниците. Тие ќе имаат одлични идеи за вас. Постои личност за која ве врзуваат заедничките деловни интереси и позитивното искуство. Викендов активирајте се повеќе во некој спорт.
Вага (23.09 – 22.10)
Прифатете го фактот дека не можете на се да влијаете. Во љубовта бидете малку почувствителни, обидете се да ги разберете чувствата на партнерот. Ќе бидете среќни викендов.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не верувате во нечии ветувања на полето на работата, потребна ви е поголема гаранција или потврда за да бидете сигурни. Делувате задоволно поради настаните кои ве следат во љубовниот однос. Викендов важно е правилно да вреднувате нечии чувства и постапки.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Делувате оптимистично и насмевката од задоволство ќе се најде на вашето лице. Речиси се што ќе замислите умеете и да го остварите на добар начин. Прифатете различни можности. Викендов послушајте ги советите на семејството и пријателите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Добро и позитивно влијание имате на деловната околина. Тоа ви помага да бидете уште посилни. Не сте претерано задоволни со љубовниот живот. Можна е осаменост. Викендов чувајте се од настинки.
Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов потрудете се околу партнерот и покажете малку повеќе љубов. На полето на кариерата нема да се соочите со проблеми. Вредни сте, што ќе ви донесе поголема заработка.
Риби (20.02 – 20.03)
Ова е одличен викенд да успеете во сите сфери. Врската ви влегува во мирни води а партнерот се труди на различни начини да ве убеди во чувствата. Немате причина да не му верувате. Опасност може да се јави ако претерате со трошење.