Овен (21.03 – 20.04)
Имате разновидни интереси, но не можете да се одредите за најдоброто решение. Со желба за лично докажување ќе го направите тоа што другите не можат. Влијанието на амбициозната Вага ќе ве поттике да ја засените својата околина. Премногу емотивните искази ќе го провоцираат вашиот партнер.
Бик (21.04 – 21.05)
Важно ви е да ги промените сегашните околности и да не ги прифатите делумните резултати. Позитивниот став и силната волја делуваат поттикнувачки во секој поглед. Но, постои граница до која можете да влијаете на својата околина. Во друштво на блиското лице ќе чувствувате потреба да искажете некои ваши сокриени желби. Повнимателно анализирајте го вашиот партнер.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Умеете да ја препознаете поволната прилика на деловната сцена и да направите добар избор. Можете да направите спој од различни комбинации, кои ќе ви донесат позитивен успех и лична сатисфакција или задоволство. Не дозволувајте партнерот премногу да се одалечува од некои заеднични теми. Направете се што е потребно за да го усреќите вашето семејство и искрено да ја израдувате саканата личност.
Рак (22.06 – 22.07)
Важно ви е да остварите успешни резултати во различни правци и категорично не се откажувате од своите деловни критериуми. Понекогаш е потребно да се докажувате под речиси сите околности, но се е можно кога имате добра визија. Емоциите ве наведуваат на добро расположение особено ако се наоѓате во близина на драгите лица.
Лав (23.07 – 22.08)
Чувствувате прилив на креативна енергија и делувате активно на различни страни. Успехот ве мотивира да се докажувате во новите деловни ситуации, без оглед на степенот на ризик, сепак не сакате да се откажете од своите цели. Вашата емотивна самодоверба се наоѓа на врвот, но за тоа можеби најголема заслуга има вашиот партнер. Не ги занемарувајте емоциите на другите.
Девица (23.08 – 22.09)
Позитивните примери ќе ви послужат како мотивација во процесот на работење. Ќе пронајдете решение за некоја спорна ситуација. Нема потреба да донесувате некои избрзани одлуки. Подобрете ја вашата искреност, во последно време е претворена во нешто поинакво.
Вага (23.09 – 22.10)
Делувате оптимистично и насмевката од задоволство постојано е на вашето лице. Се што ќе замислите умеете да го остварите на добар начин. Ќе прифатите различни можности за деловно истражување и ќе ги здружите вашите интереси со интересите на колегите и соработниците. Ќе чувствувате зголемена емотивност кон партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Постојат различни мислења меѓу соработниците, па најдобро е да ги здружите вашите интереси со проверените партнери. Зоната на деловниот ризик ве плаши. Немојте да се демотивирате при појавата на мал проблем, зачекорете цврсто кон целта. Задоволете ги и вашите потреби, во последно време малку се запоставивте.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Повикот кој ќе го добиете овој викенд ќе ви донесе добри вести. Промените се дефинитивно подобри од моменталната состојба, затоа не се грижете. Искористете малку слободно време и за партнерот, тој го заслужува тоа. Обврските на работа завршувајте ги навремено.
Јарец (22.12 – 20.01)
Можно е да добиете покана за некој значаен настан. Тоа би можело да биде прилика да се состанете со важни луѓе, кои би можеле да ја унапредат вашара кариера на некој начин. Вашата енергија и ентузијазам ќе бидат забележани. Нека не ве загрижува развојот на настаните во иднина.
Водолија (21.01 – 19.02)
Вашата интуиција и снаодливост нека ви послужи во идеите за нови проекти и шансите за заработка. Слободното време искористете го за вашиот партнер, кој едвај чека да ве види. Фокусирајте се на иднината и се ќе биде во ред, можни се и неколку нови пресврти на љубовен план.
Риби (20.02 – 20.03)
Овој викенд е вашиот викенд на љубовта. Вашиот партнер ќе ви го направи овој викенд возбудлив и незаборавен. Својата среќа испробајте си ја во игрите на среќа, многу е веројатно дека ливчето ќе биде добитно. Не ги заборавајте обврските кои сте ги преземале.