Храбра медицинска сестра снимајќи ги, се соочила со група, како што таа ги нарече, “тотални идиоти“ , кои за време на полициски час уживале во еден парк.
На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како жената од Хемпшир ја избркала групата од шест лица дома во карантин.
Прв се гледа како групата седи на тревата и пие пиво.
“Мојот маж не прима плата. Морам секој ден да работам прекувремено. Имам две деца. Морам секојдневно да работам со страв да не добие отказ. Вие сте апсолутни идиоти“ – им рекла медицинската сестра.
На видеото се гледа како групата станува и си заминува, а едне од нив и вели на жената: “Престани да не снимаш“.
Таа одговара. “Не. Ако сте глупи, ќе им покажам на светот колку сте глупи. Зошто мислите дека сте подобри од другите. Среќно ќе останам овде додека не стигне полицијата.“