Холивудската глумца Шенон Доерти (48) неодамна објави дека ракот и се вратил, односно дека болеста е веќе во четврти стадиум. На таа изјава реагираше осигурителната компанија „Стејт фарма“, која заклучила дека актерката ја злоупотребува болеста за да предизвика сожалување.
Имено, како што пренесуваат светските медиуми, во март лани Шенон ја тужела компанијата бидејќи не ѝ го исплатиле целиот износ за поправање на нејзината куќа, која е оштетена во текот на пожарот во Калифорнија во 2018 година. Нејзините адвокати тврдат дека морала од свој џеб да ги плати поправките кои инаку би требало да ги покрие осигурувањето и дека ова судење ѝ предизвикува дополнителен стрес за време на тешката болест.
„Шенон Доерти умира од рак кој е во четвртата фаза. Наместо своите последни години да ги проживее во мир во својот дом, таа мора на суд да се бори со осигурителната компанија“, пишуваат странските медиуми.
Инаку, компанијата досега ѝ исплатила 1,1 милион долари, а Шенон тврди дека трошоците на комплетната поправка изнесуваат речиси четири милиони долари.