Оливија Вајлд на црвениот тепих дојде во „диво“ издание. Нејзиното „ослободување“ од градникот натера многумина да помислат дека води љубов со своето поранешно момче.
По разните скандали кои ја следеа во последно време – од развод до контроверзниот филм што таа го режираше и во кој играше нејзиното сега поранешно момче, Хари Стајлс, Оливија Вајлд реши да стави крај на приказните дека е целосно скршена и на нејзиното појавување таа навистина го докажа тоа.
Актерката Оливија Вајлд синоќа ги воодушеви сите на црвениот тепих во Санта Моника, Калифорнија, само неколку дена откако беше објавено дека таа и момчето Хари Стајлс се разделиле по две години врска.Таа се појави на познатите People’s Choice Awards, во најпровокативното издание досега. Убавата актерка и режисерка избра проѕирен фустан од тантела од модната куќа Кристијан Диор.
Во оваа прилика, Оливија Вајлд (38) ја доби наградата за најдобар драмски филм за улогата во продукцијата „Не грижи се, драга“, во која глуми Хари Стајлс, нејзиниот поранешен. Интересно е што Вајлд и Стајлс раскинаа минатиот месец по речиси две годишната врска, наводно мирно и без поголеми скандали, иако веќе се шпекулира дека причината за раскинувањето била друга жена, никоја друга освен Кендал Џенер, познатата сестра на Ким Кардашијан со која Стајлс веќе беше во врска.
Се шпекулира дека со ова „одмаздничко“ издание Оливија сакала да му испрати порака на поранешниот. Сигурно сите ќе се согласиме дека успеала во тоа.