Годинава во Маврово ќе има вештачки снег. Ски центар Маврово набави и монтира современа опрема за заснежување и правење вештачки снег на реномираната италијанско-австриска ДемацЛенко. Таква опрема се користи во светски познатите ски центри како што се Шамони, Кицбил, Ст.Мориц, Кронплац. Поставени се 19 шахти, 9 снежни топа и 4 снежни стикови. Деновиве беа извршени последните тестирања на системот и софтверот со што се создадени услови за отварање на годинешната скијачката сезона.
Со оваа инвестиција која изнесува 700.000 евра се очекува повеќе денови за скијање, односно, сезоната да се продолжи на околу сто дена.