Олујата “Еберхарт“ направи големи проблеми во Германија, особено во западниот дел на земјата.
Видеото од аеродромот во Диселдорф покажува какви биле временските услови. За три часи снимани се 30 авиони кои не можеле да слетаат. Дури и успешните слетувања не поминаа без проблеми.
Неколку авиони, како “Боинг 787“ и “Ербас А320“ се откажаа и се упатија кон други аеродроми. Други пак пилоти беа упорни и од втор пат успееја безбедно да слетаат.