САМО два дена пред неговата ненадејна смрт, ќерката на легендарниот Елвис Присли, Лиза Мари Присли (54) беше на доделувањето на наградите Златен глобус. Таму го дала последното интервју на црвениот тепих. Со неа разговарал Били Буш, новинар од американската ТВ станица Extra.
Буш ја запрел Присли и побарал изјава, а на видеото се гледа како Лиза Мари одговара на сите прашања што тој и ги поставил. Потоа, репортер на Fox LA зборувал за нивниот разговор.
„Таа не можеше да одржува рамнотежа. Нејзиниот говор беше многу нејасен. И дефинитивно, кога интервјуто заврши, се свртев кон мојот продуцент до мене и реков: „Нешто не е во ред тука”, рекол Буш.
Покрај Лиза за време на интервјуто бил поранешниот менаџер и долгогодишен пријател на нејзиниот татко, Џими Шилинг којшто постојано ја поддржувал, а таа додека траел тој разговaрaл му рекла: „Фати ме за рака“.
Инаку, Лиза Мари Присли почина минатиот четврток на 54-годишна возраст во болница во Калифорнија откако во својот дом доживеала срцев удар.