М-р Калиа Поповска
советник за депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето
Web strana: https://www.kaliatherapylondon.com/
Instagram: kalia.therapylondon
Сите сме имале ситуации кога некој нешто кажува да мислиме дека баш нас нé осудува и го сваќаме лично. Некои стануваат лути и агресивни, други држат во себе и се нервираат кажувајќи дека “Не е голема работа.” Потоа поминуваме часови и денови размислувајќи за тоа што е кажано или направено, што сме погрешили, се јавува срам или вина.
Многу работи може да нé погодат и импулсивно да реагираме. Тоа може да биде не толку добро сработена работа на работното место, критика, отсуство на пофалба, релативно малку лајкови на социјлните медиуми, млака пофалба за вечерата, партнер кој се допишува на телефон додека зборуваме, случајна забелешка за тежината…
Повеќето го минуваат животот носејќи маски. Некои од маските се нормални и се потребни. На пример, на работа со колегите и клиентите не разговараме исто како со пријателите и партнерите. Ова се различни јас на автентичното јадро, способно да се прилагоди на различни ситуации и односи.
Ако се гледаме како несоодветни, невредни или недоволни добри носиме маски за да го скриеме нашето автентично јадро. Чекориме низ животот цврсто држејќи се за маските, внимателни кон коментарите и однесувањата (суптилен поглед, гримаса) кои носат ризик од симнување на истите и “соголување до коска.”
Нашите емоции се високо зависни од надворешната повратна иинформација. Кога повратната врска е позитивна ние сме среќни и возбудени. Кога е негативна ние се распаѓаме зашто веќе не се чувствувваме безбедни.
За да можеме да излеземе од тобоганот на самоуништувачко однесување и да одговориме на начини кои се корисни и за нас и за нашите односи треба да можеме да изградиме внатрешна сигурност.
Првиот чекор е да бидеме подготвени, свесни за нашите предизввикувачи. Кои се ситуациите кога реагирате на начин кој не ве прави горд? Често тоа се ситуации и области во животот од кои зависиме, кога треба да ја докажеме својата достоинственост, вредност.
Бидете сочуствителни кон себе – кога знаете кога најсилно реагирате дадете го најдоброто од себе за да се соочите со предизвикувачите. Научете љубезно да зборувате со себе наместо да се обвинувате и “камшикувате.” Фактот дека се чувствувате осудено укажува на подлабок и покритичен разговор што го водите со себе.
Бидете мудри – патот до подоброто јас бара работа. Ако имате тенденнција да ги примате работите лично запрашајте се “Кои фактори довеле до ваков развој на настаните?” Повратните информации кажуваат повеќе за особата која ја дава повратната информација отколку што зборуваат за вас. Може да се запрашате “Што поразлично можам да направам следниот пат што ќе помогне да пораснам и да имам корист од ситуацијата?”
Ние сме социјални суштества, подготвени да учиме, растеме и да најдеме значење преку нашите врски и искуства. Кога работите не ги земаме лично туку се отвораме за надворешни проценки ги зголемуваме шансите да го живееме нашиот најдобар живот.