Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Дисфагија е медицински термин за проблеми со голтањето. Некои лица со дисфагија имаат проблем со голтање на одреден вид храна или течности, други имаат отежнато голтање генерално.
Други знаци на дисфагија сеː кашлање, гушење или загрцнување при јадење или пиење, враќање на храната, некогаш преку нос, чувство дека храната заглавува во грлото или во градите, зад градната коска, постојано лачење на плунка, неможност за соодветно жвакање на храната, испуштање влажен, гргара звук при јадење или пиење. Голтањето е сложен процес. Има два главни типа на дисфагија – орофарингеална, поради проблеми во устата и грлото– езофагеална, поради проблеми со езофагусот, хранопроводот, цевка која ја носи храната од устата до желудникот.
Најчести причини за дисфагијата сеː состојби кои го оштетуваат нервниот систем- карцином на уста, на хранопровод (езофагус)- гастро-езофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), кога стомачната киселина се враќа нагоре во езофагусот. Невролошки причиниː мозочен удар, мултипла склероза, Паркинсонова болест, деменција, амиотрофична латерална склероза, тумори на мозок, миастениа гравис, повреда на глава. Оштетување на нервниот систем (мозок или рбетен мозок) може да интерферира со нервите одговорни за почеток и контрола на голтањето.
Конгенитални состојби и состојби на развојː церебрална парализа, проблеми со учење/разбирање/комуникација, зајачка уста или палатум.
Опструкцијаː канцер на уста или грло, ларинкс, фарингеален кеса (ретка состојба, кај постари лица), еозинофиличен езофагитис (реакција на храна, алергени или киселина која се враќа), ГЕРБ, инфекции/езофагитис (туберкулоза, кандидијаза).
Мускулни причиниː ретки се, склеродерма (имуниот систем ги напаѓа здравите ткива, води до укрутување, отврднување на мускулите на грлото и езофагусот), ахалазија (мускулите на езофагусот ја губат способноста за релаксација и отварање за да овозможат храната и течностите да влезат во желудникот). Други причиниː мускулите за жвакање може да ослабат со возраста кај постарите лица, проблеми со забите, потешкотии во дишењето кои го отежнуваат голтањето (хронична обструктивна белодробна болест).
Најчести проблеми се кашлање или задавување, гушење кога храната оди надолу во „погрешен пат“ и го блокира дишниот пат. Ова може да води до воспаление како аспирациона пневмонија.
Малнутриција и дехидратација се јавуваат поради избегнување на хранење заради страв од задавување.
Квалитетот на живот се менува поради избегнување на социјални настани и уживање во храната.
Третманот зависи од причината и типот на дисфагија. Лекувањето не секогаш е возможно.