Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Сепса е медицинска итност предизвикана од екстремен одговор на инфекција. Телото испраќа поплава од хемикалии во крвотокот за борба против заканата. Ова предизвикува распространето воспаление кое може да го успори протокот на крв и да ги оштети органите. Воспалението и згрутчувањето на крвта во тек на сепса предизвикуваат намален крвен проток што води до откажување на органите и смрт. Сепсата е потенцијално опасна по живот состојба, животно загрозувачка е во потежок облик или ако постои септичен шок.
Септикемија (труење на крвта) е бактерија, инфекција во крвотокот која предизвикува сепса.
Симптоми: треска, хипер или хипотермија (многу ниска температура), морници, лошо чувство, слабост, несвестица. Забрзана срцева работа, забрзан и мек пулс, едвај чујни срцеви тонови, пад на крвниот притисок. Отежнато или брзо дишење (хипервентилација). Бледа, топла и испотена кожа, оросена со ладна пот. Ладни екстремитети. Гадење, повраќање, дијареа. Промена во менталниот статус, поматено размислување, дезориентација и конфузност.
Најголем ризик да добијат сепса имаат постари, особи со хронични, долготрајни болести, дијабетес, канцер, белодробна болест, бубрежна болест, намален имунитет, долг престој во болница, хируршки интервенции, тешки повреди, рани или изгореници; лица со катетер интравенски, уринарен или тубус за дишење; бремени жени, бебиња под три месеци.
Најчеста причина за сепса се бактериските инфекции, но може да е предизвикана и од габички, паразити или вируси.
Најчести места и инфекции кои водат до сепса:
- стомак: воспаление на слепо црево (апендицитис), инфекции на стомачната празнина, заштитната обвивка (перитонитис), на матка и јајцеводи, после абортус, на жолчно кесе и црн дроб
- мозок (менингитис) и ′рбетен мозок
- бели дробви, пневмонија
кожа: бактериите вегуваат преку рани, чиреви, изгореници, воспаление, отвори на кожата при интервенции – места преку кои се влегува со (интравенски) катетер.
- Целулитис (инфламација на сврзното ткиво на кожата), гангрена. Преку оштетена кожа бактериите од надвор лесно влегуваат внатре во телото.
- уринарен тракт, бубрези, носење на уринарен катетер.
Сепса не може да се добие од некој друг. Процесот е во телото, инфекцијата која веќе постои се проширува и го поттикнува имунолошкиот одговор кој афектира други органски системи.
Ретко може да се случи сепса во бременост или кратко по бременоста. Инфекцијата доаѓа од бактерии кои растат во родилниот канал или од инфекција во тек на вагинално породување, царски рез или абортус.
Метицилин резистентен Стафилококус ауреус (МРСА) е бактериска инфекција отпорна на многу антибиотици. Ако е на кожата често не предизвикува проблеми, но ако преку отворена рана влезе во телото станува опасна, ако не се третира води до сепса.
Септичниот шок е најтежок степен на сепса. Откажуваат срцето и циркулаторниот систем, крвниот притиск паѓа, се успорува и намалува крвоснабдувањето на органите, клетките изумираат и органите откажуваат.
Најважен е ран и агресивен третман со антбиотици, течности, кислород, механичка вентилација, дијализа.
Повеќето лица кои имале сепса комплетно се опоравуваат, но смртноста е висока, 40%. Дали ќе остави трајни поседици зависи од повеќе фактори: возраст, хронични болести, колку брзо била третирана сепсата.