д–р Екатерина Јурукоски, дерматолог и специјалист по естетска медицина
Козметолозите одамна знаат еден познат парадокс. Кога жената слабее изгледа помладо. Но, тоа всушност не се однесува на кожата. Со губење на тежината, кожата го губи својот тонус и како последица на тоа се добива повозрасен изглед на лицето. Најчесто ова се случува кај 40 годишните жени, кога кожата после слабеењеето нема доволно сопствен капацитет за да го одржи младиот изглед на лицето.
Кај пациенти што планираат да ослабнат треба добро да се објасни важноста на специјалната козметичка нега на кожата што ќе го придружува процесот на диета и ќе ги намали последиците како опуштена кожа, промена на бојa и дехидратацијa.
Каква ќе биде кожата по завршуванье на слабеењето зависи од правилна подготовка пред да се почне со диетата
За жал, не сите пациенти што имат во план да ослабнат се советуват со својот доктор за профилактички третмани за кожата. Ако планирате да ослабнете повеќе од 5 килограми процесот треба да оди паралелно со нега на кожата. Ако сте помлади од 30 години најверојатно ќе биде доволна само домашна нега и тонусот на кожата може да поднесе слабеење од 10-15 килограми. Меѓутоа повозрасните треба да се свесни дека може да имаат последици по кожата после интензивно слабеење. И потребен е специјалист дерматолог за да ги изменаџира настанатите проблеми.
Интензитетот на топење на масното ткиво секогаш е поврзан со активна елиминација на продуктите на метаболизмот преку кожата. За одржуванье на кожата во тек на слабеењето и на почеток на диетата најдобро е да се препорача специјална програма за домашна нега како:
-интензивни прочистувачи на кожата во вид на пена
-хидрантни серуми и концентрати
-2-3 пати неделно да се применуват лесни ексфолијантни и хидрантни маски. Во ординацијa најдобро да се изберат третмани за длабинско прочистуванье што ги отстрануват мртвите клетки од кожата и ја измазнуват кожата во комбинација на третмани за хидратацијa.
Во овој период интензивни медицински третмани како ласер, длабоки пилинзи и филери може да имаат контраефект и треба да се одложат. Во тек на интензивно слабеење, регенеративните можности на кожата се намалуваат па се зголемува ризик од воспаление и бавна регенерација cо можност за појава на пигментацијa.
По завршување на слабеење и враќање во нормална функцијa и стабилизацијa на телесна тежина, прво на што треба да се обрне внимание е враќање на тонусот и хидратацијa. Пожелно е да се направи убава стратегија на третмани со коктели за длабинска хидратацијa што имат во состав аминокиселини, колаген и пептиди. Одличен избор се мезотерапија, биоревитализација, микронидлинг и плазмолифтинг. За засилување на резултатите и лифтинг ефет идеални се третмани за стимулацијa на сопствениот колагенот како мезоконци и биостимулативни пилинзи. Со комбинација на методи ќе се овозможи продукција на сопствен колаген и дополнување со природни коктели со што кожата повторно ќе го добие својот тонус, волумен и подмладен изглед.