д–р Екатерина Јурукоски, дерматолог и специјалист по естетска медицина
Нежна, тенка и чувствителна е кожата околу очите. Иако мислиме дека знаеме се за карактеристиките на кожата околу очите, секојдневната дерматолошка пракса покажува обратно. Освен генетска предиспозиција, секојдневниот стрес, навиката на замижување со очите и недоволно спиење, исто така и неправилното негување на најчувствителниот дел на лицето носи свои последици.
Кои грешки во секојдневната нега на регијата околу очите го забрзуваат стареењето и што треба да се направи да ја вратиме младоста и сјаjот на кожата околу очите.
1.Заборавате да ја нанесете кремата
Кожата околу очите е многу тенка, само 0,5 мм, речиси да нема потни жлезди и нема масно ткиво што јa потхранува. Затоа први знаци на стареење се појaвуваат токму во оваа регијa. Малку кој знае дека има можности да го стопираме процесот на стареење со специјални средства за хидратацијa, тонизацијa и потхранување.
2.Користите средства што не ви одговараат
Не се сите креми за кожа исти. Едни од нив работаат многу ефикасно и го подобруваат изгледот, а други се без ефект.
Доколку имате ситни брчки околу очите, идеалната крема за вас треба да содржи ретинол, најсилниот антиоксиданс кој овозможува стопирање на процесот за стареење. Препарати кои содржат ретинол во составот се применуват многу успешно во дерматолошка пракса и овозможуваат прекрасни резултати. Ретинолот јa измазнува кожата и коригира плитки брчки. Дополнителни состојки како хијалуронска киселина и етерични масла јa хидрираат и ја прават отпорна кожата за појавување на брчките.
Темни кругови под очите – Во таков случај најмногу ви одговара крема со избелувачки состојки како витамин Ц, ниацинамид, којечна киселина. Ако имате темни сенки во окулуочна регијa и капилари, тогаш ќе ви помогнат препарати што имаат во состав пептиди и церамиди кои ја заjакнуваат кожата и ја намалуваат визуализацијaта на капиларите.
3.Неправилно нанесување на кремата
Да најдеш добра крема е 50 % од успехот, но мора да се знае како и да се аплицира. По миење на лицето и нанесување на серумот, земете количина на кремата во големина на зрно грашок и направите неколку точки под долниот капак и под веѓите. Потоа распределете ја кремата од надворешниот дел до внатрешниот крај и нежно измасирајте.
4.Триење на очите Иако сте многу уморни вадењето на шминката е „златно правило“ за прекрасен изглед. Прекумерниот притисок при бришење на шминката јa трауматизира кожата. За да го олесните процесот на отстранување на шминката купувајте специјални средства како мицеларна вода и хидрофилни масла.
5.На време да го посетите вашиот дерматолог за стручна консултацијa
Статички брчки, вишок на кожата, отечени капаци, нагла промена на бојa – тие се симптоми што треба да ви загрижат. Недостатоци на кожата што не поминуваат и ако имате адекватна класична нега и квалитетна козметика може да се искорегираат со други методи што го активираат сопствениот колаген на кожата, даваат долготрајна хидратацијa и комплетно измазнување на брчките. Направете го вашиот сопствен план на време.