Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
Постојат неколку моќни природни антибиотици. Тоа се растителни супстанци кои имаат антимикробни својства и помагаат за сузбивање на бактериски, вирусни и габични инфекции.
Пружаат природна поддршка на имунолошкиот систем и може да имаат корист за општото здравје.
Лукот, медот, ѓумбирот, јаболковиот оцет, куркумата се познати по своите лековити својства и може да се користат во превенција и третман на одредени инфекции.
Медот е најстар пририоден антибиотик кој го користеле Египќаните. Богат е со антиоксиданси, има антимикробни својства, се користи за лекување на рани, изгореници, како мелем за чиреви, инфекции, болно грло. Го подобрува варењето на храната, го зајакунува имунолошкиот систем и општото здравје.
Маслото од диво оригано е еден од најмоќните природни антибиотици. Активна состојка е карвакрол која има антибактериска активност. Посебно се користи за лекување на респираторни, синусни инфекции, уринарни и кожни габични инфекции. Има и противвоспалителни својства. Треба внимателно да се користи и во консултација со лекар.
Ѓумбирот, како чај, е еден од најефикасните природни лекови против инфеккции. Содржи природни антимикробни супстанци кои може да го инхибираат растот на штетните бактерии. Има и противвоспалитени својства. Исто така го намалува и стресот.
Куркумата е зачин кој има силни антимикробни својства благодарејќи на активната состојка куркумин. Има противвоспалителни и антиоксидативни својства, го балансира имуниот систем. Пред употреба задолжителна е консултација со лекар за да бидете сигурни дека нема контраиндикации за вашето здравје.
Капсаицинот од лутите пиперчиња е силен природен антибиотик, ефикасен при третман на труење со храна и други гастроинтестинални инфекции. Ги уништува бактериите внесени со храната и стимулира лачење на желудочни сокови. Силен антиоксиданс е, ги уништува слободнитре радикали кои ги оштетуваат клетките, намалува ризик од појава на тумор, особено на простата и дебело црево. Го забрзува меаболизмот.
Јаболковиот оцет има антибиотски и антисептични својства, локално за дезинфекција на рани.
Прополисот е најдобар природен антибиотик за децата. Содржи активни соединенија, флавоноиди, феноли, есенцијални масла кои имаат антимикробно дејство против бактерии, вируси и габички. Има и противвоспалително дејство и ги ублажуа симптомие на настинка, кашлица, воспалено грло. Да се внимава ако постои алергиска реакција на пчелини производи.
Лукот се смета за најсилен природен антибиотик. Алицинот има антибактериско, антивирусно, антигабично и антипаразитарно дејство. Се смета дека лукот може да помогне во борба со различни инфекции, настинка, грип, кожни, уринарни и вагинални инфекции. Може да има и несакани ефекти – алергиски реакции, проблем со варењето на храната, внатрешно крварење ако се претера – внимание кај особи кои примаат ле