ЦРН КОРАНА БИЛАНС: Починаа 30 лица а 947 се новозаразени

by Тони Зографски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-530, Куманово-30,  Дебар-3, Штип-15, Прилеп-38, Тетово-54, Струга-18, Велес-22, Битола-43, Охрид-43, Кавадарци-8, Гостивар-25, Гевгелија-3, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-3, Пробиштип-8, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-2,  Валандово-2, Виница-1, Делчево-5, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-25, Ресен-8, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-301, Куманово-45, Штип-13, Прилеп-34, Тетово-51, Струга-4, Велес-29, Битола-16, Охрид-24, Кавадарци-23, Гостивар-20, Гевгелија-13, Струмица-40, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-8, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-4, Кратово-5, Свети Николе-5, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-1.

Починати се 30 лица, шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41222, бројката на оздравени пациенти е 24920, на починати е 1186, а бројот на активни случаи изнесува 15116. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 18060, активни 7037

• Куманово 2730, активни 660

• Дебар 386, активни 75

• Штип 1979, активни 419

• Прилеп 1852, активни 762

• Тетово 2837, активни 926

• Струга 958, активни 193

• Велес 1211, активни 672

• Битола 1097, активни 544

• Охрид 1002, активни 410

• Кавадарци 752, активни 339

• Гостивар 1528, активни 430

• Гевгелија 495, активни 199 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1244, активни 625

• Крива Паланка 297, активни 92

Радовиш 316, активни 118

• Крушево 49, активни 24

• Кочани 905, активни 278

• Пробиштип 271, активни 96

• Демир Хисар 117, активни 45

• Македонски Брод 119, активни 17

• Пехчево 64, активни 5

• Берово 258, активни 73

• Валандово 122, активни 35

• Виница 239, активни 116

• Делчево 327, активни 170 (86 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 101, активни 61

• Свети Николе 561, активни 125

• Кичево 784, активни 311

• Ресен 300, активни 93

• Неготино 261, активни 166 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

останати вести